Податокот за странски директни инвестиции во Македонија од 300 милиони евра за првите 11 месеци, за премиерот Никола Груевски е показател дека работите по заминувањето на светската економска криза се придвижија и дека мерките кои ги презема владата даваат резултати. Тоа е износ којшто е поголем од сите износи кои што нашите претходници ги имале во секоја поодделна година освен во годините кога продале некој монопол. Тоа е добар тренд, ќе беше уште подобро, доколку не се случеше кризата, но покажува сериозно опоравување од минатиот период. Се надевам ако брзо се заврши оваа криза и ако европските лидери најдат начин брзо да излезат од оваа ситуација мислам дека може да имаме уште повеќе инвестиции во оваа година. На тој план ќе работиме со сите сили. Според него, досега биле најавени десетина нови фабрики во Македонија, некои од нив веќе го објавиле тоа, се очекува и останатите конечно да објават дека ќе инвестираат во Македонија.
Податокот за странски директни инвестиции во Македонија од 300 милиони евра за првите 11 месеци, за премиерот Никола Груевски е показател дека работите по заминувањето на светската економска криза се придвижија и дека мерките кои ги презема владата даваат резултати.
„Тоа е износ којшто е поголем од сите износи кои што нашите претходници ги имале во секоја поодделна година освен во годините кога продале некој монопол. Тоа е добар тренд, ќе беше уште подобро, доколку не се случеше кризата, но покажува сериозно опоравување од минатиот период. Се надевам ако брзо се заврши оваа криза и ако европските лидери најдат начин брзо да излезат од оваа ситуација мислам дека може да имаме уште повеќе инвестиции во оваа година. На тој план ќе работиме со сите сили“’ рече Груевски.
Според него, досега биле најавени десетина нови фабрики во Македонија, некои од нив веќе го објавиле тоа, се очекува и останатите конечно да објават дека ќе инвестираат во Македонија.